Патролно Обезбедување


Сакате да си го обезбедите домот од можни непредвидени ситуации како што се кражба, пожар, упади во вашиот дом, вандализам и друг вид на закани?

Ние сме тука да Ви обезбедиме апсолутна сигурност и безбедност на Вашиот дом.

ПерпетууМобиле Секјурити е компанија која располага со најсовремени системи за обезбедување проследени со професионален тим кој врши 24 часовна поддршка и брза и навремена патролна интервенција која ќе Ви овозможи да се чувстувате сигурно и безбедно во текот на целиот ден.

Заштитата на домот и безбедноста на семејството се примарни цели на системот за безбедност на домот. Можност за паник копче кое служи за повикување на полиција, брза помош, противпожарна бригада и било каква друга неопходна асистенција.

Патролно-интервентните групи се мобилни оперативни групи, кои вршат следење, патролирање, безбедносна проверка и проверка на внатрешноста на обезбедуваните објекти, а по потреба и интервенирање на однапред дефиниран објекти и параметри.

Тимот се состои од обучени професионалци за правовремена реакција и интервенција по приемот на алармниот сигнал од загрозениот објект на обезбедуваната локација. Освен професионалниот пристап на задачите, патролно-интервентните групи поседуваат сертификат за укажување прва помош на самото место, со што се потврдува и хуманитарно-етичкиот кодекс на компанијата.

Опремени се со модерен возен парк, со препознатливи обележја на компанијата, за интервенции на секаков терен. Во соработка со мониторниг-центарот, патролно-интервентната група може да биде од витално значење и доминантна во обезбедувањето.

НОВИ ПАКЕТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВАШИОТ ДОМ