Slide background

Трезор!

Нашата цел е вашата доверба, вашата безбедност наш успех.


ЗОШТО ТРЕЗОР? “Трезор Груп” е прв и единствен центар за готовина во Македонија, чијашто основна дејност е подигање, чување, обработка и испорака на готовина од дневни промети на компании. Компанијата се стреми да биде партнер од доверба за своите клиенти, задоволувајќи ги нивните потреби на ефикасен, безбеден и брз начин и да отвора нови можности преку понуди на нови финансиски услуги, што се лесно достани. Работи посветено на тоа да биде една од најдобрите финансиски институции во нашата земја и регионот. Целта на компанијата е унапредување на банкарското работење со примена на техничко знаење уште од првиот ден, работата на искусниот персонал и современата технологија со цел континуиран квалитет.

Безбеден транспорт на готовина. Транспортот на дневниот промет од продажните места се врши со обезбедени возила, а го спроведуваат професионалци од компанијата “Перпетуумобиле”.

Обработка на готовина. Обработката на прометот се врши во обезбедени простории според највисоките стандарди за безбедност од страна на стручни лица сертифицирани од НБРМ. Машините што се користат за обработка се од реномиран производител, светски лидер за овој тип машини (Giesecke&Devrient;, GMBH, Germany) и се сертифицирани од НБРМ.

Уплата на готовина. Процесот продолжува со брза уплата на износот од дневниот промет на вашите сметки во деловните банки. Се намалуваат трошоците за процесирање на дневниот промет и тој се чува во сеф со највисока безбедност и заштита.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ:

  • Доставување на готовина
  • Обработка на метални пари
  • Доставување на метални пари
  • Размена на пари од различен апоенски состав
  • Полнење на банкомати (АТМ)
  • Чување на вредносни пратки

Информации
Претставништва

Побарај Понуда сега!

Одговори ги прашањата за помалку од минута.

  • Полесно
  • Побрзо
  • Без обврска

Колку изнесува вашиот вкупен дневен промет?

Колку изнесува вашиот вкупен месечен промет?

Каква е апоенска структура на дневниот промет?

Време на собирање на дневниот промет?

Колку пати во денот се собира дневниот промет?

Во која банка се врши уплатата на дневниот промет и до колку часот?

Кога треба да се уплати дневниот промет и дали се врши уплата за секоја локација поединечно или збирно?

Од кои позиции се собира прометот?