Транспорт


Обезбедување транспорт на пари и вредностни пратки претставува склоп на мерки и активности за целосна заштита на пратката што се транспортира, од место на превземање, во движење, до местото на доставување. Притоа задолжително се користат специјализирани блиндирани возила, опремени со системите за техничка заштита, заштитен систем на софистицирани средства за комуникација, GPS уреди и видеонадзор за следење на активноста на терен. Задолжително се користат и заштитна опрема за оперативците на обезбедувањето и опрема соодветна за пакување на пратките, кои се пренесуваат во согласност со нивниот тип (торби, пликоа, пломби и др.) Со посебни планови за движење на возилата, нивната техничка опременост и високопрофесионалниот обучен кадар, резултираат со висока сигурност за нас и за нашиот коминтент.

Припадниците на службата за обезбедување имаат стручно знаење, долгогодишно искуство и пропишани психо-физички способности. Професионалниот, темелен и детален пристап кон обврските, со беспрекорно почитување на правилата за работа на службата за безбедност и другите нормативни акти, го одликуваат нашиот однос кон доверените задачи. Проценка и анализа на ризикот, планирање, организација, координација и контрола се основни функции со кои се раководиме во своето работење.

Особено внимание е посветено и на високата етичност при извршувањето на задачите.