Физичко Обезбедување


Опфаќа координирано поставување лица задолжени за обезбедување одредена личност, објекти или простор, опремени со соодветна опрема и можност за примена на овластувањата предвидени со закон и со подзаконски прописи.

  • ВИП- обезбедување
  • Обезбедување јавни манифестации
  • Мобилно обезбедување/патролно-интервентни групи
  • Мобилно обезбедување/транспорт на пари и вредносни пратки.

Обезбедувањето имот врши со цел целосно да се заштитат имотот и вредностите во објектот, личната и материјална сигурност на вработените и на странките што влегуваат во него.

Обезбедувањето лица се врши со цел целосна заштита на корисникот на услугата на местото каде што живее, работи и обезбедување на неговото движење.

ВИП- обезбедувањето подразбира услуга за лична придружба и заштита (возачи, придружба, телохранител и др.), по усвоениот протокол на настаните. Нашиот тим е обучен да обезбедува личности категоризирани според светските стандарди на ВИП, ПИП или ЦИП-личностите.

Обезбедување јавни манифестации од сите типови (културни, спортски, политички и др.) има цел заштита на учесниците, организаторите и на постителите на манифестацијата, при што се овозможува непречено одвивање на планираните активности од настанот.

Мобилното обезбедување претставува вид физичко обезбедување на објектите, каде што наместо традиционалниот начин на непрекинато ангажирање оперативци, обезбедувањето се одвива со еднократно или повеќекратно посетување на објектите во текот на денот, со моторизирани патроли со точна евиденција на контролните точки.