Физичко обезбедување

Физичкото обезбедување опфаќа координирано поставување лица задолжени за обезбедување одредена личност, објекти или простор, опремени со соодветна опрема и можност за примена на овластувањата предвидени со закон и со подзаконски прописи. Обезбедување имот, Обезбедување лица, ВИП- обезбедување, Обезбедување јавни манифестации, Мобилно обезбедување/патролно-интервентни групи, Мобилно обезбедување/транспорт на пари и вредносни пратки.

Патролно обезбедување

Патролно-интервентните групи се мобилни оперативни групи, кои вршат следење, патролирање, безбедносна проверка и проверка на внатрешноста на обезбедуваните објекти, а по потреба и интервенирање на однапред дефиниран објекти и параметри.

Транспорт

Обезбедување транспорт на пари и вредностни пратки претставува склоп на мерки и активности за целосна заштита на пратката што се транспортира, од место на превземање, во движење, до местото на доставување.